HomeОпштиниКуманово: Тркалезна маса на тема “Финансиска поддршка на здруженија за вршење работи...

Куманово: Тркалезна маса на тема “Финансиска поддршка на здруженија за вршење работи од социјална, детска и здравствена заштита”

Вчера во кружната сала на зграда на поранешни општествено – политички организации се одржа тркалезна маса на тема “Финансиска поддршка на здруженија за вршење работи од социјална заштита, детска заштита и здравствена заштита”. Работната средба е во организација на Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово.

Пред претставниците на здруженија кои работат во наведениве области, беа презентирани мерките: Финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија и Организирање на превентивни кампањи, трибини, работилници, проекти и фокус групи, како и промотивен /превентивен материјал за подигнување на јавната свест на граѓаните од областа на социјалната и детската заштита, согласно Програмата за развој на социјална заштита на Општина Куманово за 2026 година.

По Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година, беше презентирана и мерката Поддршка, унапредување и развој на здравствена заштита.

Целта на средбата е информирање на здруженијата за мерките и активности што ги спроведува Општината, врз основа на кои ќе бидат спроведени Јавни повици за финансиска поддршка на заинтересираните здруженија.     

На средбата присуствуваше и претседателката на Совет на Општина Куманово Ѓорѓиевска, која изрази задоволство од работата на Секторот, воедно повикувајќи ги здруженијата да аплицираат на Јавните повици, со цел развоен континуитет на предвидените мерки и активности на Општината.

Извор: Општина Куманово

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Аеродром: Јавен повик за пријавување на штети од силното невреме

0
Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на...