HomeОпштиниДелчево: Потпишан Меморандум за соработка со Доброволното противпожарно друштво „Волонтер“ од Делчево

Делчево: Потпишан Меморандум за соработка со Доброволното противпожарно друштво „Волонтер“ од Делчево

Општина Делчево потпиша Меморандум за соработка со Доброволното противпожарно друштво „Волонтер“ од Делчево. Со Меморандумот се предвидува континуирана соработка, заеднички активности и конкретни мерки за подобрување на безбедноста на граѓаните,  а Општината ќе помага и логистички и технички со цел да се обезбеди уште поголема ефикасност на терен.

За градоначалникот Гоцевски потпишувањето на овој документ значи зајакнување на  заедничката подготвеност и координацијата во справувањето со пожари и други елементарни непогоди.

–Како општина ќе стоиме цврсто зад овие луѓе, помагајќи ги и логистички и технички согласно со можностите на Општината. Изразувам искрена благодарност за нивната целокупна ангажираност и несебичен придонес за заштита на нашата заедница. Наш приоритет останува заштитата на населението и создавање побезбедна општина за сите, нагласи Гоцевски.

Доброволните противпожарни друштва имаат исклучително значајна улога за безбедноста на заедницата, особено во помалите општини и претставуваат дополнителна сила и поддршка на професионалните пожарникари во заштита на животот, имотот и природата.Доброволните противпожарни друштва се симбол на хуманост, пожртвуваност и заедништво, бидејќи нивните членови доброволно го вложуваат своето време и знаење за заштита на заедницата.

Извор: Општина Делчево

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте