HomeОпштиниКуманово: Национален франкофонски настан  во Куманово

Куманово: Национален франкофонски настан  во Куманово

spot_img
spot_img

Во рамките на проектот „Франкофонијата ја истражува Северна Македонија 2026“, Фондацијата “Бел Идеал” од Париз – Франција одржа национален франкофонски настан во Занаетчискиот дом.

 На настанот присуствуваа амбасадорот на Франција во Македонија Н. Е. Кристоф Ле Риголер, аташе за изучување и развој на француски јазик Љупка Димова, советник по француски јазик во Бирото за развој на образование на Македонија Кети Димковска, претседател на Здружение на професори по француски јазик на Македонија Марија Варсамис Симоновска, градоначалник на Старо Нагоричане Мирослав Славковски, претседател на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, претставници на општинска администрација и на основни и средни училишта.

На франкофонскиот настан учествуваа 120 млади франкофони од 19 училишта од 9 градови во Македонија, меѓу кои и ученици од основни и средни училишта во Куманово, истакнувајќи ги своите јазични вештини на француски јазик, преку музички точки, поезија и театарска изведба.

Извор: Општина Куманово

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте