HomeОпштиниКуманово: ,,Прашина и сенки” – изложба на уметнички дела и промоција на...

Куманово: ,,Прашина и сенки” – изложба на уметнички дела и промоција на книга

Во уметничката галерија на НУ Музеј – Куманово се одржа мултимедијален настан, во организација на Здружението за заштита и промоција на културните вредности, архитектура, дизајн и културно наследство на Република Македонија – “Фабрика концепт”, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово и Општината.Присутните имаа можност да ја разгледаат визуелната тонска приказна – самостојната изложбена поставка на уметнички дела “Прашина и сенки”, од кумановскиот ликовен уметник Страхил Петровски, да ја проследат промоцијата на книгата “Дијалози за слободата” од авторот Љупчо Јолевски и музичкиот перформанс на Добрила Грашеска.Проектот “Прашина и сенки” е дел од Програмата на културни манифестации на Општина Куманово, за 2026 година.

Извор: Општина Куманово

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте