HomeОпштиниКуманово: Втора Меѓународна научна агробизнис конференција „Агро Мак 2026“

Куманово: Втора Меѓународна научна агробизнис конференција „Агро Мак 2026“

Вчера во Занаетчиски дом започна тридневната Меѓународна научна агро бизнис конференција „Агро Мак 2026“ на тема „Локални ресурси и глобални предизвици: интегрирани пристапи кон одржлив рурален развој во ерата на климатските промени“. Конференцијата е во организација на Комора на органски производители на Македонија.

Целта на конференцијата е да се споделат знаења, искуства и идеи во областа на земјоделството и агро бизнисот како двигател на локалниот економски развој, преку иновации и модернизација, кои ќе донесат долгорочни соработки за развој на оваа гранка и на науката во целиот регион.

На конференцијата учествуваа претставници на Амбасади, Министерства, Факултети, Инспекторати, Центри и Организации од Македонија и од државите во регионот, како и научници и професори од различни институти од земјите во Југоисточна Европа.   

Заедно со претставници на општинска администрација, присуствуваше и претседателката на Совет на Општина Куманово, која истакна дека институциите, научната заедница и бизнис секторот мора да направат заеднички напори за воспоставување стабилен систем, кој ќе обезбеди економски раст, нови работни места и подобар квалитет на живот за граѓаните.

Се одржаа плодни панел – дискусии на тема: “Спроведување на Законот за работно ангажирање на лица: Нов чекор кон фер ангажман за работа и формализација на сезонски труд”, “Дигитализација и прецизно сточарство – Паметни фарми: Улогата на технологијата во модерното говедарство”, “Математички модели во машинско учење за паметно земјоделство и храна со повисока додадена вредност”, “Агротуризмот како одговор на зголемената побарувачка за автентичност, искуство и одржливост”.

На присутните им беа доделени признанија за особен придонес и учество на конференцијата.

Извор: Општина Куманово

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте