Претставници од Општина Куманово, предводени од градоначалникот Максим Димитриевски и претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, присуствуваа на хуманитарен празничен концерт, во дворот на ООУ “Kочо Рацин” – Куманово.
На манифестацијата настапија ученици и популарни домашни интерпретатори, со музичка и сценска програма, на задоволство на публиката, односно многубројните деца и младинци, кои дадоа свој придонес во организацијата на училиштето.
Целта на Велигденскиот концерт е да се упати порака до јавноста, да се продолжи оваа хумана иницијатива, со прибирање на средства и поддршка на учениците од социјално – ранливите семејства.

Извор: Општина Куманово























