HomeВладаМицкоски: Изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10Д се одвиваат согласно предвидената...

Мицкоски: Изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10Д се одвиваат согласно предвидената динамика

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа со каква динамиката тече изградбата на автопатиштата, особено на Охрид-Кичево, изјави:


„Сите делници од Коридорот 8 се одвиваат согласно предвидената динамика. Моментално се работат галериите. Имавме мала потешкотија, морам да признаам, посебно во делот на обезбедување на средства за довршување на делницата Кичево-Охрид. Затоа што знаете дека заемот којшто го добиваме од кинеската „Ексим“ банка, повеќе не го добиваме, престана. Но, бргу се реорганизиравме и тој проблем е надминат. Формиран е еден синдикат од домашни банки со исклучително, би рекол, поволни услови. И практично тие домашни банки ќе го дозавршат финансирањето и тоа ќе биде последно. И со тоа веќе конечно таа делница ќе биде функционална. 


Исто така напредува и делницата Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани. И конечно е предаден извештајот до заемодавателите за делницата Букојчани приклучок Кичево, практично на автопатската делницата Кичево, Кичево-Охрид. Така што во тој дел сум исклучително задоволен. Исто така прилично солидно, би рекол согласно динамиката, напредува реализацијата на делницата Прилеп-Битола којашто е дел од Коридорот 10, 10Д.“

Извор: Влада

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...