HomeОпштиниОхрид:ОПШТИНА ОХРИД Е НА ПРВОТО МЕСТО СПОРЕД ПРИМЕНА НА СИСТЕМОТ ЗА ИНТЕГРИТЕТ

Охрид:ОПШТИНА ОХРИД Е НА ПРВОТО МЕСТО СПОРЕД ПРИМЕНА НА СИСТЕМОТ ЗА ИНТЕГРИТЕТ

Општина Охрид има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на Извештајот од спроведено следење на примената на системот на интегритет за 2025 година кој го објави Државната комисија за спречување на корупција.

Во извештајот кој беше објавен во март 2026 година, Општина Охрид има исполнителност од 87,87 % и е во категоријата „Многу добра усогласеност“ и предничи пред останатите општини во оваа категорија. Овој резултат претставува највисоко постигнување на Општина Охрид во однос на примената на системот за интегритет во споредба со претходните години, што укажува на континуирано унапредување на институционалните капацитети и доследна примена на механизмите за интегритет.

Проценката се однесуваше на степенот на исполнетост на обврските во трите клучни сегменти на системот за интегритет:
• воспоставување на систем за интегритет,
• спроведување на мерките и механизмите, и
• следење и известување за неговата примена.

Во рамки на мониторингот за 2025 година, анализата ја опфати примената на системот за интегритет во 44 единици на локалната самоуправа (ЕЛС) кои доставија податоци преку електронскиот прашалник и за кои беше извршена валоризација согласно утврдената методологија на ДКСК. Опфатот на општините обезбедува релевантен пресек на состојбата во системот на локалната самоуправа и овозможува анализа на институционалната зрелост во однос на примената на механизмите за интегритет на локално ниво.

Извор: Општина Охрид

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...