spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Делата зборуваат - Нова улица во Железара

Гази Баба: Делата зборуваат – Нова улица во Железара

Се асфалтираше новопроектираната улица 2 во населба Железара – уште еден значаен чекор напред за подобрување на инфраструктурата во нашата општина.

Паралелно со изградбата на улицата, реализиравме и комплетна фекална канализација и нова водоводна мрежа – решенија кои директно го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните.

Вкупната вредност на проектот изнесува 14 милиони денари, обезбедени преку вториот јавен повик на Владата на Република Македонија.

Улицата е со должина од 227 метри – модерно и квалитетно решение кое ќе служи на граѓаните долги години.

Продолжуваме силно со инвестиции во патната инфраструктура – затоа што секое маало заслужува уредени улици и подобри услови за живот.

Извор: Општина Гази Баба

- Advertisment - Balkan Fun IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте