HomeОпштиниДелчево: Дронско следење на теренот за превенција од пожари

Делчево: Дронско следење на теренот за превенција од пожари

Општина Делчево, преку ТППЕ Делчево и согласно со насоките на Општинскиот штаб за заштита и спасување, започнува со спроведување редовни дронски контроли на терен, со цел навремена превенција и откривање потенцијални шумски пожари.

Со користење на новата современа технологија, значително се унапредува мониторингот на ризичните подрачја и се овозможува побрза и поефикасна реакција на надлежните служби.

Овие активности ќе продолжат и во наредниот период, во координација и соработка со други релевантни институции, со заедничка цел – заштита на шумите, животната средина и безбедноста на граѓаните.

Апелираме до сите граѓани на одговорно однесување и почитување на мерките за заштита од пожари.

Извор: Општина Делчево

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Аеродром: Јавен повик за пријавување на штети од силното невреме

0
Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на...