HomeОпштиниАеродром: 20.000 евра за незаконско фрлање на отпад - Нема Толеранција

Аеродром: 20.000 евра за незаконско фрлање на отпад – Нема Толеранција

При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче во Општина Аеродром, на локацијата викана „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад.

Од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно член 130 од Законот.

За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност.

Општина Аеродром продолжува со засилени инспекциски контроли и нема да дозволи уништување на животната средина, загадување и создавање диви депонии на територијата на општината.

Апелираме до сите граѓани и компании совесно да постапуваат со отпадот и да ги почитуваат законските прописи. За секое несовесно однесување ќе следуваат санкции.

Извор: Општина Аеродром

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Аеродром: Јавен повик за пријавување на штети од силното невреме

0
Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на...