HomeОпштиниДелчево: ЈЛБ „Илинден“ трага по тивките хероини меѓу нас

Делчево: ЈЛБ „Илинден“ трага по тивките хероини меѓу нас

ЈЛБ „Илинден“ трага по хероините меѓу нас за да им се оддаде јавно признание за нивната работа и посветенот. Преку јавен повик, објавен денеска, делчевската библиотека го свртува вниманието на јавноста во Делчево и бара од граѓаните да даваат предлози за жени кои според нив заслужуваат да бидат дел од изложбата на фотографии и приказни за инспиративни жени од Делчево.  

Билјана Петровска, директорка на ЈЛБ „Илинден“ истакна дека оваа активно е во чест на жените и со цел да им се оддаде почит на жените кои инспирираат, создаваат се борат и оставаат трага во Делчево.

–Во чест на жените кои со својата работа, хуманост, храброст, талент и посветеност оставиле и се уште оставаат траен белег во нашиот град,ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, подготвува изложба на фотографии и приказни за инспиративни жени од Делчево. Ги повикуваме сите граѓани да предложат жени кои според нив заслужуваат да бидат дел од оваа изложба – жени од различни области: образование, култура, спорт, медиуми, здравство, хуманитарна работа, уметност, претприемаштво, семеен живот, активизам и секојдневни тивки предизвици што го прават нашето општество подобро и похумано. Предлозите напишани во коментар или порака на фб– страницата на библиотеката треба да содржат име и презиме и кратко образложение зошто се дава предлогот. По завршувањето на повикот, ќе се изврши селекција и ќе се изберат жените кои ќе бидат дел од изложбата. Вашиот предлог можеби ќе ја раскаже токму нечија голема, а тивка приказна, нагласи Петровска.

Извор: Општина Делчево

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...