HomeОпштиниГази Баба: Склучен е договор за изработка на основен проект за зафаќање...

Гази Баба: Склучен е договор за изработка на основен проект за зафаќање на вода од Раштанска река

Склучен е договор за изработка на основен проект за зафаќање на вода од Раштанска река – проект од исклучително значење за жителите на Раштак и за целата Општина Гази Баба.

Го потпишав договорот за изработка на основен проект за зафаќање на вода од Раштанска река со што и официјално започнува реализацијата на едно децениско барање на жителите на Раштак.

Станува збор за долгогодишен проблем и потреба на населението, за кој изминативе години постоеше голем интерес и очекување.

Со изработката на основниот проект се поставуваат темелите за реализација на овој капитален зафат, кој во иднина ќе овозможи подобри услови и поквалитетна инфраструктура за жителите.

Особено значајно е што средствата за реализација на проектот се обезбедени од Министерството за локална самоуправа, што претставува уште еден доказ за успешната и партнерска соработка помеѓу централната и локалната власт во интерес на граѓаните.

Како локална самоуправа продолжуваме посветено да работиме на реализација на проекти кои директно ги решаваат потребите на граѓаните и придонесуваат за рамномерен развој на сите населени места во општината.

Раштак заслужува внимание, инвестиции и конкретни решенија, а овој проект е токму во таа насока.

Извор: Општина Гази Баба

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...