HomeОпштиниГази Баба: Безбедноста на граѓаните е наш приоритет

Гази Баба: Безбедноста на граѓаните е наш приоритет

Продолжуваме со поставување на успорувачи на сообраќајот, хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација во Инџиково, Ченто, Виниче, Хиподром и во други населени места низ општина Гази Баба.

Со овие активности создаваме побезбедни улици, го намалуваме ризикот од сообраќајни незгоди и ја зголемуваме безбедноста на пешаците, учениците и сите учесници во сообраќајот.

Секој поставен сообраќаен знак, секој успорувач на сообраќајот и секоја обележана пешачка патека значат поголема сигурност за нашите сограѓани.

Продолжуваме посветено да инвестираме во современа и безбедна сообраќајна инфраструктура, затоа што безбедноста нема цена.

Гази Баба се развива, а ние продолжуваме со дела кои носат подобар и побезбеден живот за сите граѓани.

Извор: Општина Гази Баба

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте