HomeМинистерстваМЈА: Работен состанок со УНДП за подготовка на Националниот акциски план за...

МЈА: Работен состанок со УНДП за подготовка на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028

Претставници од Министерството за јавна администрација одржаа работен состанок посветен на процесот на Партнерството за отворена власт (ПОВ), на кој беа разгледани можностите за продлабочување на соработката и за зајакнување на поддршката за спроведување на иницијативите за отворено владеење во Република Македонија. 

На состанокот, Гордана Гапиќ Димитровска, Национална координаторка за Партнерството за отворена власт, го презентираше процесот за подготовка на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028, при што беа претставени планираната временска рамка, клучните чекори и приоритетните области за новиот акциски план. 

Посебен акцент беше ставен на Меморандумот за соработка помеѓу УНДП и Партнерството за отворена власт на глобално ниво, како можност за понатамошно унапредување на соработката и обезбедување програмска и експертска поддршка во процесот на подготовка и спроведување на реформите за отворено владеење. 

Со проектните менаџери и раководителите на секторите во УНДП беа разгледани приоритетните тематски области на Националниот акциски план 2026–2028, меѓу кои: борба против корупцијата, граѓански простор, клима и животна средина, дигитално управување, фискална транспарентност, инклузија, пристап до правда, јавно учество,  како и отворено судство и отворен парламент. Воедно, се разговараше и за можниот придонес на УНДП во подготовката и имплементацијата на идните заложби. 

Министерството за јавна администрација продолжува активно да ја координира подготовката на новиот Национален акциски план во партнерство со институциите, граѓанските организации, меѓународните партнери и сите засегнати страни, со цел креирање политики засновани на транспарентност, отчетност, интегритет и активно учество на јавноста.

Извор: Министерство за Јавна Администрација

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Гази Баба: Црешево добива современа училишна спортска сала

0
По повеќе од шест децении, учениците од Црешево конечно ќе добијат современа училишна спортска сала – проект што ќе го промени секојдневието на сегашните,...