HomeОпштиниКарпош: Се унапредуваат услови и капацитетите во ООУ „Лазо Трповски“

Карпош: Се унапредуваат услови и капацитетите во ООУ „Лазо Трповски“

Општина Карпош продолжува со реализација на активности насочени кон унапредување на училишната инфраструктура, зголемување на капацитетите и подобрување на условите и содржините за учениците во основните училишта на територијата на општината.

Во ООУ „Лазо Трповски“ во Карпош 3, во моментов се реализираат активности за реновирање и уредување на училниците на горниот кат од училиштето. Во рамки на активностите се врши бојадисување на училниците, ќе се набават нови столчиња и клупи и ќе се постават современи панели. Со ова се создаваат подобри услови за реализација на наставата и се осовременува образовниот процес за учениците од предметната настава, од шесто до деветто одделение.

Паралелно, на спортското игралиште кое се наоѓа во рамки на училиштето, извршена е целосна замена на дотраените дрвени даски на трибините на фудбалското и кошаркарското игралиште. На нивно место се поставени нови даски, со што се подобруваат условите за користење на спортските терени и просторот за спорт и рекреација.

Активностите се реализираат со цел подобрување и проширување на училишните капацитети и обезбедување поквалитетна и современа образовна средина за учениците во учебната 2026/2027 година.

Општина Карпош и во наредниот период ќе продолжи со реализација на активности за подобрување на училишната и спортската инфраструктура, создавање современи услови и збогатување на содржините за сите генерации.

Извор: Општина Карпош

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Гази Баба: Црешево добива современа училишна спортска сала

0
По повеќе од шест децении, учениците од Црешево конечно ќе добијат современа училишна спортска сала – проект што ќе го промени секојдневието на сегашните,...