HomeОпштиниГази Баба: Црешево добива современа училишна спортска сала

Гази Баба: Црешево добива современа училишна спортска сала

По повеќе од шест децении, учениците од Црешево конечно ќе добијат современа училишна спортска сала – проект што ќе го промени секојдневието на сегашните, но и на идните генерации.

Денес, градоначалникот Бобан Стефковски заедно со директорката на ООУ „Наум Охридски“, Елизабета Андова, извршија увид во градежните активности. Она што го видовме е охрабрувачко – работите се одвиваат со одлична динамика, а очекувањата се салата да биде завршена и ставена во употреба на почетокот на октомври.

Учениците од Црешево, Виниче и Смилковци конечно ќе добијат услови какви што заслужуваат – современ спортски објект изграден според европски стандарди, наменет за кошарка, одбојка, ракомет и сите активности од физичкото и здравственото образование.

Проектот опфаќа и современи соблекувални со тушеви и тоалети, простории за наставниот кадар и простор за складирање на спортската опрема – комплетен објект кој ќе ги задоволи сите потреби на училиштето.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 34.099.421 денари, средства обезбедени од Владата на Република Македонија.

Ова не е само изградба на спортска сала.

Ова е исправување на една долгогодишна неправда.

Ова е инвестиција во здравјето, образованието и иднината на нашите деца.

Продолжуваме да го реализираме ветеното.

Продолжуваме да градиме капитални проекти што оставаат трајна вредност.

Затоа што најголемата инвестиција што можеме да ја направиме е инвестицијата во младите и во нивната иднина.

Извор: Општина Гази Баба

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Гази Баба: Редовно сервисирање и одржување на вакуумските пумпи, со цел...

0
Во координација со инспекциските служби на Општина Гази Баба, екипите на ЈКП „Гази Баба 2007“ спроведоа теренски контроли во населеното место Јурумлери поради несоодветно...