HomeОпштиниИлинден: Градежна офанзива во општината – Асфалтирани шест улици во четири...

Илинден: Градежна офанзива во општината – Асфалтирани шест улици во четири населени места

spot_img
spot_img

Општина Илинден продолжува со силна градежна офанзива и интензивни инвестиции во модернизација на локалната патна инфраструктура. Успешно е завршено асфалтирањето на шест улици во населените места Илинден, Мршевци, Марино и Кадино, во вкупна должина од околу 1.100 метри.

Во Илинден се асфалтирани улица „11“ и крак на улица „8“, во Мршевци улица „4“, во Марино два крака од улица „531“, како и крак од улица „7“ во Кадино.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во асфалтирањето и истакна дека општината продолжува со засилена динамика на инфраструктурни инвестиции, со јасна цел за модерна патна мрежа, рамномерен развој и подобри услови за живот во секое населено место.

Со реализацијата на овие инфраструктурни проекти значително се подобруваат условите за сообраќај, се зголемува безбедноста и се обезбедува поквалитетно секојдневие за жителите.

Извор: Општина Илинден

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

МЈА: Минчев – ЗОРОДУ е чекор кон појасна и пофункционална државна...

0
Министерството за јавна администрација денеска одржа јавна дискусија за Нацрт-законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ), со кој се поставува...