HomeОпштиниВелес: Се доградува училишната зграда на ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ во село...

Велес: Се доградува училишната зграда на ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ во село Иванковци

spot_img
spot_img

Почна доизградбата и довршувањето на училишната зграда на ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ во село Иванковци. Вчера беше поставен камен темелникот со што продолжува изградбата на претходно започнатиот и недовршен објект, со цел да биде комплетно ставен во функција.


Со комплетирањето на училишната зграда, учениците и наставниците ќе добијат функционален и уреден простор за учење и работа.


Општина Велес продолжува со инвестиции во образованието во руралните средини затоа што секое дете заслужува еднакви услови за образование во местото каде што живее.

Извор: Општина Велес

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте