Воспоставувањето на електронски систем за поднесување на електронски пријави и поплаки, поврзани со услугите кон јавната администрација, ќе овозможи граѓаните во секое време да пријават проблем или поплака поврзани со јавна институција, како и да пријават проблем во постапка за добивање на определена услуга од јавната администрација.
Електронскиот систем за поднесување на електронски пријави, претставки и предлози ќе овозможи услови граѓаните и правните лица во секое време да пријават потенцијални сомнежи за корупција во конкретен орган на државна управа, но и да пријават проблем во постапка за добивање на определена услуга од овие органи.
Освен примарните придобивки кои се однесуваат на директна интервенција за конкретни проблеми со јавните институции и услугите кои ги даваат кон граѓаните и правните лица, системот има за цел да ја поддржи стратегијата и процесот на понатамошно подобрување на јавната администрација преку трансформација на процесите и подобрување на институционалните капацитети.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација