Центарот за развој на Скопскиот плански регион го имплементира проектот ПАДРИОН- ,,Соочување на јавната администрација со процесот на дигитална трансформација како заедница од областа на Јадранско-Јонскиот регион”, кој е финансиран од ЕУ преку програмата Интеррег ИПА Адрион.
Во рамки на проектот е формирана работна група, во која членуваат претставници од Општина Карпош и останатите општини во Скопскиот плански регион. Во таа насока, подготвен е анкетен прашалник, со цел да ја истражи дигиталната писменост кај жените на локално ниво и да придонесе кон креирање мерки за поттикнување на дигиталната инклузија.
Инаку, истражувањето ќе се реализира преку е-прашалник кој ќе биде поставен на официјалната веб страна на Општина Карпош, како и социјалните профили на локалната самоуправа. Анкетниот прашалник ќе биде наменет за поширок спектар на целни групи и тоа: жени кои се вработени во локалната администрација, жени од руралните и урбаните заедници, како и жени од маргинализирани групи од Општина Карпош.
На ваков начин, ќе се обезбедат мерливи податоци кои ќе помогнат при креирање на дигитални алатки за следење на прогресот на дигиталната писменост.
Извор: Општина Карпош























