HomeОпштиниГази Баба: Редовно сервисирање и одржување на вакуумските пумпи, со цел системот...

Гази Баба: Редовно сервисирање и одржување на вакуумските пумпи, со цел системот да функционира непречено, сигурно и ефикасно во интерес на сите граѓани

spot_img
spot_img

Во координација со инспекциските служби на Општина Гази Баба, екипите на ЈКП „Гази Баба 2007“ спроведоа теренски контроли во населеното место Јурумлери поради несоодветно и неодговорно користење на вакуумскиот канализациски систем.

При контролите беа утврдени неправилности, по што против сторителите беа преземени законски мерки и изречени соодветни санкции.

Апелирамe до сите граѓани совесно и одговорно да го користат канализацискиот систем. Неговото неправилно користење предизвикува дефекти, дополнителни трошоци и проблеми кои ги трпат сите жители.

Во наредниот период контролите ќе бидат уште поинтензивни. За секое утврдено прекршување ќе следуваат законски мерки и санкции, затоа што заштитата на јавната инфраструктура е заедничка обврска на сите нас.

Само со одговорно однесување можеме да обезбедиме квалитетни комунални услуги и подобри услови за живот во секое населено место во Општина Гази Баба.

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија