HomeОпштиниКарпош: Бесплатни специјалистички прегледи за пациенти со периферна артериска болест

Карпош: Бесплатни специјалистички прегледи за пациенти со периферна артериска болест

spot_img
spot_img

На иницијатива на ГОБ „8 Септември“, со поддршка од Општина Карпош, започнаа бесплатни специјалистички прегледи за пациенти со периферна артериска болест.

Прегледите се реализираат во соработка со одделенијата за кардиологија и радиологија при ГОБ „8 Септември“ и ќе траат пет работни дена. Пациентите ќе имаат можност да направат и артериски доплер, дијагностичка метода за проценка на протокот на крв низ артериите.

Околу 30 пациенти, пријавени преку матичните лекари од територијата на Општина Карпош, ќе ја искористат можноста за бесплатен преглед.

Активноста има за цел да придонесе кон навремена превенција, дијагностика и следење на здравствената состојба на граѓаните.

Општина Карпош продолжува да поддржува иницијативи што придонесуваат за унапредување на здравствената грижа и подобрување на условите за превенција и навремена дијагностика.

Извор: Општина Карпош

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на енергетската криза и цените на енергенсите, изјави: „Состојбата...