Општина Струмица продолжува со реализација на програмските активности за 2026 година. Полските патишта имаат големо значење за жителите од населените места, особено, што струмичкиот е еден од најразвиените земјоделски региони во државата и тие се планирани во општинската годишна програма.

Нов полски пат се пробива и тампонира кон месноста Зглавиште во населеното место Муртино во должина од 400 метри.

Ваквите зафати ќе продолжат и понатаму задоволувајќи ги потребите на жителите и подобрувајќи ги условите за живот во населените места.

Извор: Општина Струмица























