HomeОпштиниСтрумица: Започна реконструкцијата на улицата „5-ти Ноември“

Струмица: Започна реконструкцијата на улицата „5-ти Ноември“

Во Општина Струмица во тек се градежни активности за реконструкција на улицата „5-ти Ноември“ во стар урбан блок 6, на потегот од улица „Славчо Стојменски“ до улица „Ѓорги Василев“.

Во рамки на проектот предвидена е реконструкција на постојната инфраструктура, вклучително и замена на старите колектори со нови, како и подолжните шахти во должина од околу 200 метри.

Проектот кој изнесува 2.416.108 денари се реализира со финансиска поддршка од Министерството за транспорт и врски а носител на проектот е Општина Струмица.

Додека траат градежните активности ќе има времен режим на сообраќај и се апелира до граѓаните да го почитуваат.

Со реализацијата на овој проект се создаваат подобри и побезбедни услови за жителите и сите учесници во сообраќајот.

Извор: Општина Струмица

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте