Во текот на вчерашниот ден, 13.10.2021 година, во исклучително пријатна и работна атмосфера се одржа VII-от Конгрес на СОНК.
На Конгресот, согласно Одлуката за бројот и составот на делегати, од вкупно 119 беа присутни 115 делегати од сите дејности што ги застапува СОНК. Секако, на Конгресот присуствуваа делегации од социјалните партнери и соработници на СОНК, како и делегации од земјите од странство поточно синдикати од образование, со кои нашиот синдикат има долгогодишна синдикална соработка.
Согласно Дневниот ред, Делегатите на VII-от Конгрес едногласно ги усвоија следните документи: -Извештај за работата на СОНК во мандатен период од декември 2015 до октомври 2021 година; -Програма за работа на СОНК за мандатен период октомври 2021 – октомври 2026 година; -Статут на СОНК;
-Резолуција за усогласување на платите на вработените во детските градинки, основното и средното образование со Законот за минимална плата;
-Резолуција за заштита на претседателите на синдикалните организации на СОНК;
-Резолуција за исплата на целосна плата на заболени и во изолација од пандемијa; -Резолуција за почитување на Законот за работни односи во делот на примена на гранските (посебните) колективни договори.
По усвојување на документите, Делегатите на VII-от Конгрес го реизбраа Јаким Неделков за претседател на СОНК и му дадоа доверба да го води СОНК во наредните 5 години.
Извор: СОНК