По објавувањето на конечните резултати од гласањето во првиот круг на Локалните избори 2021, според резултатите објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија, познат е составот на идниот Совет на Општина Гевгелија кој брои 19 членови.
Според бројот на освоените гласови во идниот Совет на Општина Гевгелија од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ ќе има 9 членови и тоа: Патрик Матх, Ѓорге Попов, Елена Хаџи-Николова, Надица Ристовска, Саше Стојиловски, Слаѓана Стаменковска, Златко Митров, Андријана Бегова и Сашко Проданов.
Од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за Гевгелија“ ќе има 7 членови: Миле Атанасов, Билјана Демерџиева, Тодор Ристов, Софија Тошева Раманчева, Виктор Кралев, Елизабета Сивова и Александар Пандовски. Независната листа на Томе Ќичуков ќе ја претставува Томе Ќичуков.
Од Левица во Советот влегува Саше Јанчев, додека од Движењето „Одлучно за промени“- ЛДП и ДОМ во Советот ќе партиципира Петар Апостолов.
Извор: Општина Гевгелија