Комплетна реконструкција на кошаркарско игралиште ООУ „Григор Прличев“ во соработка со општина Гази Баба, прави комплетна реконструкција на постоечкото кошаркарско игралиште. Во моментот се поставува првиот слој на тартан подлога, а во текот на следните денови ќе се постави и вториот слој, по што ќе следи и обележување на истото.
Во текот на денешниот ден, градоначалникот Бобан Стефковски изврши увид на тековните работи.
Изведувач на работите е фирмата „Турбо Инженеринг“ од Скопје.
Извор: Општина Гази Баба