Кисела Вода: Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција

ОпштиниКисела Вода: Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција

Најчитано

Општина Кисела Вода доби нов градоначалник. Орце Ѓорѓиевски денеска ја презеде градоначалничката функција од досегашниот градоначалник Филип Темелковски, кој воедно беше негов противкандидат на овие локални избори.

 

При примопредавањето, Темелковски му честиташе и му посака среќа и успех со раководењето на општината во наредниот четиригодишен период.

Орце Ѓорѓиевски му се заблагодари и најави дека веднаш отпочнува со реализирање на зацртаното, односно дадените ветувања пред граѓаните, кои се дел од изборната програма.

-Првите чекори се вршење увид во тековните работи во општина Кисела Вода, ревизија во актуелните случувања, како и ревизија во работата во изминатиот четиригодишен период за точно да се утврди фактичката состојба, подвлече Ѓорѓиевски.

Напомена дека уште од првиот ден започнува со транспарентно и отчетно работење со граѓаните, се до реализација на целосната програма која е креирана заедно со, и исклучиво во интерес на граѓаните. Оттука, најави и дека Кисела Вода ќе биде општина во која градоначалникот ќе биде достапен за секој свој жител.

Орце Ѓорѓиевски од ВМРО ДПМНЕ со двојно повеќе гласови, победи во првиот круг на локалните избори пред кандидатот на СДСМ, кој воедно беше и досегашен градоначалник на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе