Ако работникот работи во недела и му се прави штета поради политички игри и интриги, ШТО СЕ ЧЕКА СО ПРОГЛАСУВАЊЕ НА НЕДЕЛА ЗА ДЕН НА НЕДЕЛЕН ОДМОР
Денеска ( недела ) требаше да одмараат 92 проценти од вработените, а 8 проценти од работниците кои заради спецификите на работните места требаше да работат ќе беа платени со најмалку 50% до 100% додаток за работа во ден на неделен одмор.
Изборите завршија, пратениците да најдат време и разбирање за работниците и да го изгласаат законското решение со кое се прогласува НЕДЕЛА ЗА ДЕН НА НЕДЕЛЕН ОДМОР.
Трпението на работниците кои денеска работат и за тоа не се платени дополнителнo зa најмалку плус од 50% до 100% на нивната дневница е при крај
Ако работникот работи во Hедела и му се прави штета поради политички игри и интриги решението за порамнување на сметките ќе биде излегување на сите работници на улица за да си го добиеме изработеното согласно законите и килективните договори.