spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиСиндикат на пожарникари НСПМ со активности за решавање на проблеми

Синдикат на пожарникари НСПМ со активности за решавање на проблеми

СООПШТЕНИЕ ОД НСПМ – Независен синдикат на пожарникарите на Македонија

Почитувани пожарникари спасители

Локалните избори завршија полека Градоначалниците ги заземаат своите кабинети , а НСПМ во соработка со ССМ ја почнува својата агенда за средби со сите нови и стари Градоначалници.

На средбите НСПМ ќе ги запознава Градоначалниците со се што е предходно направено од наша страна за подобрување на и онака тешката состојба во која се наоѓаат пожарникарите , а акцент на проблемите п со кои се среќаваат пожарникарите спасители поединечно по ТППЕ.

Генерално најгорливиот проблем е околу правилната односно законската исплата на личниот доход односно почитувањето на член 13 од законот за пожарникарство , проблемите со наамлениот број пожарникари спасители поединечно по ТППЕ како и со огромните проблемо со застарената пред се лична заштитна опрема и застарениот возен парк на ТППЕ.

Првата ваква средба Раководството на НСПМ Претседателот @Тони Бошковски, Ген Секретар на НСПМ Боби Вељаноски и Претседателот на општинската организација при НСПМ од ТППЕ Штип Славе Делов ја одржа на 02.11.2021 година со Градоначалникот на Штип Иван Јорданов . На средбата НСПМ го запозна новиот Градоначалник за законските обврски кои општина Штип ги има према вработените пожарникари спасители во ТППЕ Штип , за сите предходно решени проблеми кои беа решавани со тогашната локална администрација , како и за предизвиците кои престојат пред него во поглед на решавање на останатите нерешени проблеми.Од страна на Градоначалникот Иван Јорданов добивме гаранција дека локалната самоуправа ќе направи се што е во нејзина моќ да почне постепено да ги решава проблемите пред се тука мислиме на усогласувањето на платата набавка на заштитна опрема за вработените и почеток на посериозни вложувања во опрема.

На крајот од состанокот Председатетелот на НСПМ Тони Бошковски и Градоначаликот Иван Јорданов дадоа изјави за резултатите од средбата и одговараа на прашања на новинарите.

Ако ССМ е репрезентот на сите работници во Македонија , тогаш НСПМ е репрезентот на пожарникарите во Државата затоа ја користиме оваа можност да испратиме порака до сите пожарникари спасители, време е за обединување , САМО ОБЕДИНЕТИ ЌЕ БИДЕМЕ ПОСИЛНИ , а нашиот глас ќе биде слушнат насекаде низ државата.

 

 

 

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија

Прочитајте

АХВ: Потврден нов случај на птичји грип, на сила и решение...

0
Со  лабораториски наод  од Националниот институт  за храна  и ветеринарство при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (ФВМ) од 28.10.2024 година, Агенцијата за храна...