Вработените од ЈПКД „Турија“, го чистеа ѓубрето во непосредна близина на детската градинка „Прва радост“ во Василево. Увид во активноста изврши градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, на чија иницијатива и барање беше спроведена денешната акција. По негово укажување, експресно беше поправена и влезната врата од дворот во детската градинка.
Грижата за заедницата и за општото добро останува високо на агендата на градоначалникот Андонов.
Извор: Општина Василево