Улицата „Искра“ – крак исток, во населбата Усова Чешма е асфалтирана. Поставен е асфалт на коловоз со должина од 200 м и ширина 5 м. Претходно се уредија канализациските шахти, се изградија потпорни ѕидови и тротоари.
Асфалтирана е и улицата „Борис Ефремов“, во населбата Варница. И двете улици се работеа подолг период, поради тешките терени и услови за работа.
Засилено се одвиваат работите и на улицата „Кирил и Методи“, каде во наредниов период ќе се асфалтираат четири крака во вкупна должина од 732 метра.
Извор: Општина Кочани