Почитувани,
Ниската доверба на граѓаните во градоначалниците на СДСМ се темелела на катастрофалните состојби во општините. Неспособноста на СДСМ во општините била на значително високо ниво. Еден од примерите кои до сега се евидентирани е случајот во општина Бутел каде 40 луѓе биле на платен список, а истите не оделе на работа ниту ги извршувале своите работни обврски. Задоволување на партиските интереси пред интересите на сите граѓани бил принципот на кој функционирале градоначалниците на СДСМ. Исто така, поголемиот број општини се оставени со огромни долгови, општинските каси се испразнети, а проекти кои би требало да се реализираат речиси и да нема.
Градоначалниците на СДСМ срамно ги убедуваа граѓаните дека се најдобри, додека реалноста е сосема поинаква. Безредието и хаосот беа резултатот кој граѓаните го добиваа со најнеспособната локална власт на СДСМ до сега.
Почитувани граѓани,
Ова се европските вредности кои власта на чело со СДСМ се обидува да ги презентира пред граѓаните. Спротивно на вистинските европски вредности, четирите карактеристики на СДСМ се злоупотреба на функциите, недомаќинско работење, стагнација и уназадување.
Заев, премиерот во заминување, ги лажеше граѓаните во предизборието дека може локалната власт да го продолжи својот пат кон европските вредности, за денес да ја манипулира јавноста дека тој е единствениот кој негува европски вредности. Заев како премиерот во заминување и неговата СДСМ имаат погрешна перцепција за тоа кои се и што значат европските вредности. Начинот на владеење на СДСМ со криминал, со лажни ветувања и киднапирање е далеку од секоја европска вредност.
Почитувани граѓани,
ВМРО-ДПМНЕ ќе го зајакне капацитетот на општините, ќе овозможи економско закрепнување и со работа максимално ќе ги имплементираме сите иновативни и паметни решенија кои се во согласност со вистинските европски вредности.
Извор: ВМРО ДПМНЕ