Градоначалникот Ацо Ристов оствари посета на Територијалната противпожарна единица во општина Радовиш.
Во разговор со командирот на единицата и пожарникарите, градоначалникот беше информиран за состојбата во која се наоѓа самата зграда на единицата како и опременоста на единицата која професионално ги извршува задачите околу спасувањето на граѓаните и нивните имоти при пожари, природни катастрофи и елементарни непогоди.
Оваа единица веќе долго време ја докажува својата пожртвуваност и способност и секогаш ќе ја имаат поддршката од Општина Радовиш.
Извор: Општина Радовиш