Во Занаетчиски дом-Куманово се одржа уште еден културен настан, во чест на 11 Ноември, Ден на ослободување на Куманово. Изложбата на фотографии на тема од Народноослободителнатавојна е во организација на Фондација за култура и спорт со историското одделение при НУ Музеј– Куманово.
Присутните имаа можност да видат ретки и уникатни фотографии од Денот на ослободување на нашиот град, формирање на познатите кумановски бригади, на народните херои, кои ја донесоа долгоочекуваната слобода на Куманово.
Изложбата ја отвори Виктор Божурски, директор на Фондација за култура и спорт-Куманово.
Извор: Општина Куманово