Oпштина Гевгелија го објави Конкурсот за финансирање проекти и програми од областа на култура од значење на општина Гевгелија за 2022 година. На Конкурсот имаат право да учествуваат: уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други физички и правни лица од државата, регистрирани за дејности од областа на културата, согласно Законот за културата и други позитивни законски прописи.
Конкурсот ќе трае од 19 ноември до 18 декември, 2021 година. Пријавите со потребните документи, апликантите треба да ги достават до Општина Гевгелија, преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Архивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсот, со назнака „Конкурс за финансирање програми и проекти од областа на културата за 2022 година“.
Апликантите задолжително треба да ги достават пријавите и по електронски пат (Word документ) на следнава е-mail адреса: petarjancev@yahoo.com.
Резултатите од Kонкурсот ќе бидат во вид на Програма за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Општина Гевгелија за 2022 година, која ја носи Советот на Општина Гевгелија, а ќе биде објавена во Службен гласник и веб-страницата на Општината.
Дополнителни информации можат да се добијат на тел.: 034/211-211 и на веб-страната на Општина Гевгелија, на следниов линк: KОНКУРС.
Извор: Општина Гевгелија