spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕАпсурд е Зоран Заев без никаков легитимитет да се обидува да состави...

Апсурд е Зоран Заев без никаков легитимитет да се обидува да состави ново мнозинство

„Ние остануваме токму на тој став дека потребни се брзи предвремени парламентарни избори за излез од кризата затоа што ако внимателно ја погледнете ситуацијата ќе видите дека премиер практично кој што е во оставка, кој што ја најави оставката меѓутоа таа оставка не заврши онаму каде што треба, каде што е предвидено и со законот и со Деловникот во Собрание, туку заврши на партиските тела, токму тој човек кој што е во оставка, без никаков легитимитет се обидува да состави она што се нарекува ново мнозинство. Затоа што во моментот владата ја нема мнозинската поддршка во Собрание“, истакна Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

Лефков потсети дека ВМРО-ДПМНЕ има 60 пратеници, а СДСМ има 59 пратеници, а еден пратеник беше исчезнат.

„Го имаме тој парадокс дека денот кога да речеме остана Владата на Заев за жал ја погребавме правната држава односно видовме како седницата за завршуваат владини министри кои што не се пратеници“, рече Лефков.

Лефков посочи дека покрај енергетска, економска и здравствена криза Македонија се соочува со политичка криза која Зоран Заев ја создаде. КОВИД криза, енергетска криза и инфлација не се тема на власта. Во самиот Буџет нема воопшто издвоено средства за енергетската криза која се случува сега во Македонија.

„Дополнително кога станува збор за инфлацијата исто така нема антиинфлаторни мерки предвидени во самиот Буџет, и дури ако ги слушнете изјавите на министерот за финансии тој вели дека енергетската криза ќе се следи и ќе се делува. Значи имаме една ситуација која што е акутна, која што е моментална, која што е загрижувачка меѓутоа гледаме дека целата Влада, мнозинството, целиот СДСМ е насочен само на кадровски прашања“, нагласи Лефков.

Лефков додаде дека КОВИД, енергетската криза, и инфлацијата остануваат да се зборуваат само на дебатни и контактни емисии, во пракса власта нема никакви решенија. Па поради тоа македонската јавност е сведок како власта троши огромни средства за набавка на струја, а тоа народот скапо го плаќа. Неспособноста на власта скапо го чини народот.

„Со ова темпо до крајот на грејната сезона ќе ни треба четвртина милијарда евра за да можеме да ја надоместиме односно да ја набавиме потребната електрична енергија. Да влегувате во енергетска криза, а притоа да најавувате дека тоа ќе се решава тековно и се повикувате на неискористени пари од КОВИД пакети сметам  дека е поразително и укажува на тоа дека целата Влада односно Заев во претходниот период беше концентриран само на локалните избори“, појасни Лефков.

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

Илинден: Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба...