spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСЕП: Вицепремиерот Димитров на средба и со грчкиот министер за дигитализација, Пјеракакис

СЕП: Вицепремиерот Димитров на средба и со грчкиот министер за дигитализација, Пјеракакис

На маргините на 6-от Економски форум Делфи во Атина, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров имаше средба и со грчкиот министер за дигитално управување, Киријакос Пјеракакис.

Соговорниците дискутираа за успешните „дигитални“ приказни во двете земји, како и за зајакнување на билатералната соработка во оваа област.

На средбата се разговараше и за предизвиците од ковид пандемијата со кои се соочуваат државите. Димитров ја поздрави клучната улога на Пјеракакис во процесот на имунизација во Грција и упати покана до грчкиот министер за работна посета на Северна Македонија, со што дополнително би се продлабочила билатералната соработка во сферата на дигитализацијата.

Димитров: „Со нашите грчки соседи и пријатели интензивно соработувавме уште од самиот почеток на здравствената криза, со што се потврди потребата од блискост и соработка. Уште еден сегмент каде Грција може да ни помогне е токму дигиталната област, која во времето на пандемијата се покажа како одлучувачка за надминување на предизвиците. Оваа посета која денеска ја договоривме ќе биде можност за споделување на грчките искуства во справување со пандемијата, преку користење на дигитални алатки и процеси.“

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте