Градоначалникот Александар Стојкоски оствари средба со Здружението на пензионери од Ѓорче Петров на која беа договорени приоритетите со цел подобро функционирање на оваа група жители.
Стојкоски ги информираше претставниците на граѓаните од „третото доба“ дека веќе во изработка е социјална карта на пензионери и оти општината стои на располагање во смисла на поддршка во опремувањето на пензионерските клубови.
Целта е да им се помогне на пензионерите во насока на подобрување на нивниот социјален живот и поттикнување на активности.
Извор: Општина Ѓорче Петров