Во посета на општина Гази Баба беа ученици од 4-то одделение од основното училиште „Стив Наумов ” од Автокоманда, по повод изучување на методската единица Локална самоуправа, по предметот Општество.
Учениците се запознаа со секторите и одделенијата во општината, со работните задолженија и обврски на општинската администрација и по одделенија ја посетија работната просторија на градоначалникот Бобан Стефковски.
На заедничката средба во салата на Советот, градоначалникот Стефковски одговараше на бројни прашања од учениците, во рамките на нивните интересирања.
Извор: Општина Гази Баба