spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиДЕМАНТ На објавата “ Васе Неданоски исклучен од членството” чиј извор...

ДЕМАНТ На објавата “ Васе Неданоски исклучен од членството” чиј извор е УПОЗ

Единствено вистинито, во  конкретната  објава од изворот :

УПОЗ е дека јас Васе Неданоски со Одлука од 03.11.2021 година неосновано сум разрешен од функција Претседател на Синдикалната Организација на УЈП, а веќе на 15.11.2021 исто така со Одлука неосновано сум исклучен од членство на Синдикатот на УПОЗ, се друго е чиста манипулација на јавноста со која сака да се задскрие недозволено и неодговорно работење на Претседателот на УПОЗ.

 

Имено, нетрпеливоста на Претседателот на УПОЗ и органите на Синдикалната организација на УЈП, е присутна уште пред 2019 година кога Огромно членство, вклучително и други синдиклни организации членки на УПОЗ побараа од Претседателот информација за начинот на финансиското постапување, при што си исплатувал регрес за годишен одмор во повеќе години наназад во поединечни нето износи повисоки од 20.000 денари на годишно ниво и тринаеста плата за повеќе години наназад во нето износи повисоки од 60.000 денари на годишно ниво, без одлуки донесени од страна на органите и телата на Синдикатот на УПОЗ.

Токму поради постоење на вакви информации од анонимен извор во кои се посочуваше на нелегитимно и незаконска исплата на регрес и 13-та плата, самиот на себе како Претседател, и тоа без Одлука на Претседателството на УПОЗ, што во основа не само што е нестатутарно постапување туку е и против правилата за финансиското работење на УПОЗ, преставува и  злоупотреба на паричните средства. По однос на овие иницијатива/барања (во прилог), доставени на архивата на УПОЗ и преку емаил, Пецо Грујовски несмогна сила ниту доблест истите да ги стави на разгледување и произнесување на Претседателството, притоа не давајки отчет за сите исплати за кои постоело основано сомневање на злоупотреба како извршени исплати.

Кулминација на нетрпеливоста на Претседателот на УПОЗ кон органите на Синдикалната орагнизација на УЈП, настанува поради донесената Одлука на Советот на Повереници на Синдикалната организација на УЈП донесена на ден 01.10.2021 година а одржана во Струмица, во која се нотирани особено нестатутарно постапување на Претседателот во повеќе сегменти од неговото делување притоа ставајки акцент и на постапки и активности лично од Претседателот на УПОЗ со кои дирекно беа загрозени и правата и интересите на членството на Синдикалната организација на УЈП вклучително и советот на повереници и самиот Претседател, но не беа изоставени и нотирани фактите за интриганскиот однос на Претседателот за свесно и манипулативно однесување се со цел да не се спроведе избор на нов  Претседател на УПОЗ поради отворено искажани апетити за вечно владеење со УПОЗ.

Иронијата да биде поголема откако Претседателот на УПОЗ неможеше да се справи со јасно изразената вољата на членството на Синдикалната организација на УЈП а заради дирекните и отворените упади во работењето на синдиканата органзација на УЈП, преку насилно замолчување, разрешување на повереници, блокада на синдикална сметка, членството и покрај недемократскиот и насилен чин на разрешување, повторно во соодветна постапка  изрази јасна и недвосмислена подршка и Васе Недановски повторно беше избран за Претседател на СО на УЈП, се со цел да ги заштити интересите и правата на своето членство, што очигледно не му се допадна на Претседателот на УПОЗ, па во насока да ја истера докрај својата замисла за елиминирање на сите членови кои отворено бараа отчет за финансикото и статутарно однесување на Претседателот на УПОЗ, спроведе нестатутарни одлуки за исклучување и разрешувања.

Во интерес на вистината, а пред се заради охрабрување на органите за прогон да го истражат случајот, притоа во целост ги демантирам сите искажани лаги и извртени факти во однос на стекната финасиска корист на поединци од исплати, од причина што во посочените случаи и секогаш задолжително за секоја исплата од средставата кои и припаѓаат на синдикалната организација (само 0.24% од членарината), претходно се донесуваат Одлуки од органите и телата на Синдикалната организација на УЈП согласно одредбите на член 34, 35, 39, 40, 41  и 75 од Статутот на Синдикатот на УПОЗ.

За конкретните случаи посочени во објавата донесени се одлуки од страна на Извршниот одбор на Синдикалната организација на УЈП на ден 29.09.2021 година и на ден 29.10.2021 година од Извршниот одбор на Синдикална Подружница Скопје, истите се доставени до Синдикатот на УПОЗ и покрај издадената наредба лично од Претрседателот на УПОЗ да не се примаат поднесоци од моја страна и воопшто од синдикалната организација на УЈП.

За спроведување на забраната за прием на поднесоци од синдикалната организација на УЈП, било побарано и од СИНАК (правно лице оснивано од ССМ) надлежно меѓу другото и за активности на пријавницата, во зградата на ССМ да не примаат поднесоци од Синдикалната организација на УЈП, иако согласно Covid протоколите документацијата се доставуваше на тој начин  во изминатите 1 до 1,5 години.

Особено треба да се има во предвид дека во изминатите години финансиското работење во Синдикалната организација на УЈП секогаш при усвојување на финасиоките извештаи на Синдикатот и синдикалните организации е посочувано за добар пример на финансиско работење (нотирано во записници), ова дотолку повеќе што самото финансиско работење во синдикалнта организација на УЈП е децентрализирано и поставено на најдемократски принципи, така  што со делот од членарината кој и припаѓа, го располага секоја од 17 –те Подружници што е единствен пример во синдикалното организирање.

Јас како Повереник на синдикалната Подружница Скопје, донесувам одлуки заедно со Извршниот одбор на Синдикалната Подружница Скопје,  за намената на средствта кои и припаѓаат на Подружницата.

Многу јасни и очигледни се интригите на Претседателот на УПОЗ согласно прилозите во постапка на распишани избори со пасивен мандат,  најпрво да го одземе неосновано пристапот до сметките на сите повереници спротивно на член 75 од Статутот, по што од страна на Поверениците на Подружниците му беше поднесена кривична пријава до Основното Јавно обвинителство во Скопје за злоупотреба, потоа неосновано да ме разреши од Претседател на синдикалната организација на УЈП исто така во време на распишани избори кога треба да се одберат органи и тела со мандат за наредните 5 години ( за што се имам произнесено на мејл ( во прилог).

На ден 03.11.2021 година преку емаил (во прилог) беше поканет да присуствува или прати преставник на изборното собрание на Синдикалната организација на УЈП закажано за 04.11.2021 согласно Covid процедурите, при што наместо потврда за присуство во немоќ после 1 час од доставената покана, на мејл ми беше доставена одлука за мое исклучување од членство на Синдикатот на УПОЗ. Изборното собрание се одржа и се до изборот на органи и тела на Синдикалната организација за наредниот мандат го водеше Заменикот Претседател на синдикалната организација.

Потоа без основ и спротивно на Статут, од само за него познати причини ги разреши сите Повереници на Подружниците во синдикалната организација на УЈП, што е крајно тенденциозно и нестатутарно однесување, се што е легитимно избрано во синдикалната организација да биде исклучено од Синдикатот или разрешено од функција.

Небулозата да биде поголема во постапка на разрешување за подружница Кавадарци покрај што го разреши легитимно избраниот Повереник кој е уредно запишан во Тековната состоја на Синдикатот, разреши и поранешен повереник за истата подружница кој скоро една деценија живее со регулиран престој во САД, што е крајно несериозно и ги потврдува неговите намери.

Во исто време, Претседателот на УПОЗ понесен од желба за елиминации покрај посочените разрешувања и моето по авоматизам разрешување (со одлука за исклучување) од функцијата Потпреседател во Синдикатот на УПОЗ за администрација, ја разрешил од функција член на Претседателство и Потпреседател за Судски и јавно обвинителски служби и Верица Тасева.

Вистината е една, а тоа е дека јас, Васе Неданоски уживам огромна подршка од членството на Синдикалната организација на УЈП, која е најбројна и најголем финансиер во Синдикатот на УПОЗ.  Во спроведените избори,  распишани од УПОЗ бев предложен од сите подружници на синдикалната организација за Претседател на Синдикалната  и во исто време од сите подружници како можен кандидат за Претседател на УПОЗ, за разлика од образложението во Одлуката за исклучување од Синдикатот каде стои дека со измама сум ги довел во заблуда членовите на Синдикалната организација (повеќе од 520) за да потпишат истапница од УПОЗ,  што е навреда за нивната појава, личен интегритет и поединечната способност секој да носи одлуки сам за себе а се со цел, Претседателот на УПОЗ да обезбеди за себе доживотно платена функција во Синдикатот и после 70 годишна возраст, што секако ќе се докаже со одлуките на нелегитимниот Конгрес на Синдикатот на УПОЗ кој ќе се одржи наредните денови.

 

 

 

Извор: Javnaadministracija.mk

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...