Во просториите на општинската зграда беше одржан состанок помеѓу градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и преставници од Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“. На состанокот беше склучен меморандум за соработка за спроведување на проектот „Заедно за просперитетна заедница“.
Овој проект ќе се имплиментира во 17 општини во државата, од кои е и Општина Кочани.
Имено, се најавуваат многу проекти кои ќе бидат поддржани, финансирани и изведени во соработка со Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“, бидејќи низ целата држава се предвидуваат 100 иницијативи, од кои во Кочани се четири или пет. Самите иницијативи ќе бидат определени од заедницата, а ќе има и платформи наменети за донации од дијаспората и од бизнис-секторот.
Извор: Општина Кочани