Командата на СЕЕБРИГ одржа дводневна обука за вработените од СЕЕБРИГ и за претставници од Општина Куманово во Занаетчиски дом.
Изведувач на обуката беше инструктор од приватната компанија за консултантски услуги “Hatec SA”-Р Грција на тема “Менаџмент со ризици”.
Од името на командата на СЕЕБРИГ беа доделени сертификати на учесниците на обуката. На настанот присуствуваше претседателката на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска.
Извор: Општина Куманово