Додека нашите колеги од синдикатите прават напори да остварат барем контакт во индустриските зони каде што работат компании со германски капитал или пак компании кои што соработуваат со германски компании и се задушуваше секаква синдикална активност, со помош на нашите колеги од германските синдикати остварен е значаен успех и тоа во Германија.
Македонските компании кои извезуваат во Германија, но се и нивни добавувачи овде, да се подготвуват кон новиот Закон за добавувачи, за да не останат без работа. Од 1 јануари во Германија стапува на сила Законот, кој предвидува исполнување на строги правила и стандарди, пред се, за заштита на животната средина и целосно почитување на работничките и човекови права. Фирмите кои нема да ги следат правилата, ќе ги изгубат нарачките.
Целосно почитување на работничките и човековите права значи и почитување на правото на синдикално организирање на работниците, правото на уредување на правата со колективни договори итн.
До сега синдикатите тропаа на вратите на овие компании, а очигледно во нареден период истите менаџери кои го попречуваа синдикалното движење ќе почнат да тропаат на вратата на Синдикатот.