Градежните работи за реконструкција на ул. Антон Кецаров во нас. Даме Груев се одвиваат согласно утврдената динамика. Изваден е стариот асфалт и во моментов се поставува подземна електрична инсталација, со што за прв пат оваа улица ќе добие јавно осветлување.
Претходно беше изведена атмосфесрка канализација.
Очекувам за месец дена да се асфалтира должина од 320 метри, како и кракот на улица Пекљане од 130 метри.
Извор: Општина Ѓорче Петров