ВМРО-ДПМНЕ пироманска да ја праша градоначалничката на Скопје и нејзиниот директор на ЈП Улици и патишта зошто се запали објектот на оваа институција.
Исто така Арсовска треба да одговори зошто го поништи јавниот оглас за вработување на 20 нови пожарникари во скопската противпожарна бригада.
Хировите и каприците на Арсовска ја загрозуваат безбедноста на градот Скопје и граѓаните. Неспособноста на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се потврдува на дело.
По само 50 дена градска власт на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје е во хаос, се раскинуваат договори за готови проекти, горат објекти на јавни институции.
Граѓаните заслужуваат градски власти посветени на развој и напредок на градот, а не луѓе што работат против нивните интереси.
Извор: СДСМ