Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски оствари средба со Претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани, на која беше разгледана можноста за заедничка соработка во делот на младите, младинското учество и младински политики.
Директорот на АМС, Наумче Мојсовски, ја истакна важноста од заедничката соработка во делот на локални младински центри, младински совети, родова застапеност, како и Законот за младинска работа. Претставничката ја потврди важноста и волјата за соработка помеѓу двете агенции со цел зајакнување на младите и нивниот статус во општеството.
Извор: Агенција за млади и спорт