spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОгласи за вработувањеНАЕОПМ: Јавен конкурс

НАЕОПМ: Јавен конкурс

Врз основа на член 19 од Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност (“Службен весник на РМ” бр. 113/07, 24/11, 24/13, 41/14, 145/15, 55/16 и 64/18), Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

 ЈАВЕН КОНКУРС БРОЈ 05/2021

за ангажирање на 3 ( три ) надворешни соработници во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува конкурс за ангажирање на 3 ( три ) надворешни соработници и тоа:

  1. Надворешен соработник во Сектор координација и реализација на европски програми и мрежи (мрежа Европас) – 1 (еден)

Општи услови:

  • да е државјанин на Република  Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место

Посебни услови:

  • средно или вишо образование
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
  • најмалку две години работно искуство во струката;
  • Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).

Распоред на работно време:

  • Работни часови во неделата – 40
  • Работно време од понеделник до петок од 7:30/08:30  до 15:30/16:30
  • Надворешен соработник во Сектор координација и реализација на европски програми и мрежи – 2 (два)

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место

Посебни услови:

  • VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
  • најмалку пет години работно искуство во струката;
  • Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).

Распоред на работно време:

  • Работни часови во неделата- 40
  • Работно време од понеделник до петок од 7:30/08:30  до 15:30/16:30

Кандидатите потребно е да ја достават следната документација:

– Кратка биографија (Curriculum Vitae)  – европски образец;

– Писмо за мотивација;

– Уверение за државјанство на Република Македонија;

– Лекарска потврда за општа здравствена состојба;

– Уверение/диплома за завршен степен на образование;

– Доказ на работно искуство;

-Доказ на активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски) и

– Доказ за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 (пет) дена заклучно со 28.12.2021 година. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување од страна на Комисија за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации. По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Националната агенција. Изборот ќе се изврши во рок до 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за ангажирање на надворешен соработник заклучно со 31.12.2022 година.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност или по пошта на следнава адреса:

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 17, поштенски фах 796, 1000 Скопје

 (со назнака –  Јавен конкурс бр. 05/2021 )

Контакт : 02-3109-045 // Лице за контакт: м-р Јован Несторовски

 

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

Прочитајте

АФПЗРР: Јавен повик број 02/2024

0
Од денес па до 31.05.2024 година земјоделските стопанства каде носителот е индивидуален земјоделец кој е регистриран согласно Законот за вршење на земјоделска дејност, односно...