spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаКога СДСМ греши, партијата прифаќа и се менува – кај ВМРО-ДПМНЕ тоа...

Кога СДСМ греши, партијата прифаќа и се менува – кај ВМРО-ДПМНЕ тоа не постои

Потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за порталот Нова вели дека како потпретседател на партијата останува посветен на здравствените политики и реализација на програмата на партијата во сопствениот ресор кој е столб на државата. Тој пососчува дека СДСМ е реформска партија која секогаш гледа напред и се води од интересот на граѓаните. Токму тоа го мотивирало да ја прифати одоговорната партиска позиција.

„Без разлика дали е тоа надворешна политика, крупни проекти како Клинички центар, борба со пандемија, економски мерки за спас на стопанството – СДСМ при креирањето на политиките го има во фокус државниот и граѓанскиот интерес“, вели Филипче.

На прашањето дали ќе биде успешен политичар како што е успешен неврохирург, Филипче истакнува дека успешен политичар е оној кој ќе докаже дека знае да работи и менаџира на позицијата која ја добил во владата или партија. Тој вели дека модерниот политичар го одликува професионалност и успешна реализација на зададените задачи и планови, а не безполезни политички препукувања и дебати кои веќе не ги интересираат граѓаните.

„Празни политички флоскули и итроштини, дворски игри и неполезни дебати веќе не се на цена кај граѓаните, ниту треба да бидат карактеристики на модерниот политичар. Оттаму, прашањето дали ќе бидам успешен политичар за мене значи дали успешно, совесно и професионално ќе ја работам секоја зададена работна задача. Без разлика дали е тоа министер за здравство, претседател на партиска комисија или пак друга позиција за време на изборите, јас кон сите обврски пристапувам сериозно и се трудам да ги исполнам максимално одговорно. Така и ќе пристапам кон сите идни предизвици во рамки на партискиот ангажман“ – истакнува потпретседателот на СДСМ.

Филипче верува дека главна стратешка цел на партијата и новото раководство треба да бидепривлекување на квалитетни кадри кои се докажани професионалци во различни полиња бидејќи тоа е основен предуслов за успешно работење на партијата и градење доверба кај граѓаните. Тој истакнува дека мора силно да се вложува и во младината која мора да биде поактивна и организирана.

„Во политиката одамна нема место за импровизација, како со кадар така и со реализација на ветеното пред граѓаните. Политичкиот менаџмент е сериозна работа која бара професионалци и одговорни луѓе на сите позиции кои ќе работат по јасно утврдени стратегии и цели. Нивната работа мора да се следи и соодветно евалуира како целиот систем би функционирал добро, а краен бенефит од тоа би имале граѓаните. Ефикасноста во работењето и реализацијата на ветувањата треба да бидат топ приоритет на партијата“ – вели Филипче.

Потпретседателот силно го критикува ВМРО-ДПМНЕ за своите деструктивни политики коментирајќи дека партијата има единствена цел, а тоа е како да се докопа на власт дури и по сметка на правење големи штети на граѓаните блокирајќи ги сите проекти и политики во нивни интерес. Филипче верува дека граѓаните ја прпознаваат разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и дека ќе ја казнат опозицијата на избори.

„Јас навистина не можам да ја разберам таа неконструктивност и неверојатната неспоосбноста да се препознае тронка државен интерес во моменти на криза или за суштински важни прашања. Проблемот на ВМРО-ДПМНЕ е во тоа што едноставно имаат само една единствена цел, а тоа е како да се докопаат до власт небирајќи ниту метод, ниту начин. Најстрашно од се е што воопшто не се грижат дали со своите методи им штетат на граѓаните. Јас сум свесен дека се случуваше СДСМ да донесе одлуки или политики кои можеле и морале да бидат подобри, но да се разбереме, постои суштинска разлика помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Кога СДСМ греши, партијата прифаќа, се менува, се унапредува и најважно од се, се бори и работи за стратешкиот интерес на граѓаните и државата. Кај ВМРО-ДПМНЕ тоа не постои, таму постои само интерес за власт и личен односно тесно партиски интерес“ – заклучува Филипче.

Извор: СДСМ

Прочитајте

Илинден: Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба...